ТЕМКОВ, Кирил Димитров

ТЕМКОВ, Кирил Димитров (Кавадарци, 16. Ⅴ 1943) – доктор, унив. професор по филозофија. Учел во Белград, Земун и во Скопје. Дипломирал (1968) и докторирал филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје (1982), каде што бил асистент (1970) и редовен професор (од 1990) по етика и естетика. Бил раководител на Институтот за филозофија (1989– 1991). Држел предавања на универзитети во разни земји и на многу наши институти и факултети. Ги воведе и ги предава предметите филозофија на менаџерството и филозофија на политиката, еколошка етика, биоетика, педагошка етика, филозофија на образованието, етика на менаџерс-Кирил Темков твото. Бил ментор на многу магистранти и докторанти. Ја раководел (в.) Естетичката лабораторија (1971–1994). Ги основал и ги водел Отворениот театарски универзитет, фестивалот Млад отворен театар, Отворениот филм-ски универзитет, Театарската работилница на Филозофскиот факултет, Скопскиот џез фестивал; како претседател на скопската Културно-просветна заедница го основал Скопското културно лето. Бил претседател на Универзитетскиот културно-информативен центар; секретар и претседател на Друштвото за филозофија на Македонија, член на Одборот на културните работници (1990– 1991), член на Македонскиот форум (1991), член на Биоетичкиот форум за Југоисточна Европа (од 2004) и др. Бил основач и главен уредник на Културната агенција Метафорум/Епоха. Истражува и објавил преку 1.000 текстови за разни области на животот и културата: филозофија, морал, образование, економија, менаџерство, уметност (театар, џез, филм, фотографија и др.). Еден е од основачите на проектот „Историја на културата на Македонија“. Ја покрена и ја раководи акцијата за воведување настава по етика на сите нивоа на образованието кај нас. Го изработи Етичкиот кодекс за Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Ја води трибината „Етичките погледи на св. Климент Охридски“(Охрид). Превел бројни дела на значајни филозоМетеоролошка сателитска снимка на Македонија фи: Душан Недељковиќ (преда-