ТЕМЕН

ТЕМЕН (Теменос) – митски предок на македонските кралеви од династијата на Аргеадите, син на Аристомах или Клеодај, потомок на Херакле. Според претскажувањето на делфиското пророчиште, нему и на брат му Кресфонт им би-ло судено да ги вратат Хераклеидите на Пелопонез и да ја освојат оваа област. Подоцна, при поделбата на власта, на Темен му припаднал Аргос. Неговите многубројни наследници се нарекуваат темениди.
ИЗВ.: Аполлодори, Библиотхеца, Теубнер, 1926. ЛИТ.: Д. Срејови¢, А. Церманови¢-Кузманови¢, Речник грчке и римске митологије, Београд, 1987. К. М.-Р.