ТЕМЕЛКОСКИ-ВОЈВОДАТА, Дончо

ТЕМЕЛКОСКИ-ВОЈВОДАТА, Дончо (с. Никодин, Прилепско, 10. Ⅱ 1916 – Прилеп, 24. И 1990) – првоборец. Неговата куќа била сврталиште на илегалците од НОАВМ – курирски врски, засолнување на болни и ранети. Носител е на Партизанска споменица 1941. ЛИТ.: Јордан Тодороски-шемко, Некои од формите на илегалната активност на Прилепската партиска организација во периодот 1941-1942 година, Прилеп и Прилепско во НОВ 1942 година. (Материјали од Научниот собир одржан на 13, 14 и 15 декември 1976 година), книга втора, Скопје, 1978, 123. С. Мл.