ТЕМЕЛКОСКИ, Борко Јорданов

ТЕМЕЛКОСКИ, Борко Јорданов (псевд. Лилјакот) (Прилеп, 20. ⅩⅠⅠ 1919 – Скопје, 21. Ⅺ 2001) – партиски и воен раководител и државник. Во 1939 г. бил член на КПЈ и секретар на Месниот комитет на КПЈ. По окупацијата бил еден од организаторите и раковоБорко Темелкоски дителите на НОБ во Македонија. Во 1943 г. бил секретар на Ⅲ ОК на КПМ и член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ до крајот на војната. Бил делегат на И заседание на АСНОМ. По Војната вршел високи раководни партиски и државни функции во ЦК на КПМ и ЦК на КПЈ, член на Владата на СРМ и на Сојузната влада. Повеќе пати бил избиран за републички и сојузен пратеник. Бил претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија и на Сојузот на борците од НОБ. Полковник на ЈНА во резерва и народен херој. ЛИТ.: Народни херои од Македонија, Скопје, 1973. О. Ив.