ТЕМЕЛКОВСКИ, Петар

ТЕМЕЛКОВСКИ, Петар (Богомила, 25. Ⅺ 1946) – актер. Дипломирал актерска игра на Театарската академија во Софија. Бил член на Драмата на МНТ (1972–1975), а од 1975 г. е во Драмскиот театар во Скопје. Настапувал и на филм и ТВ, како и на други тетарски сцени во земјава и странство.
УЛОГ: Трајан („Македонски состојби“), Едип („Цар Едип“), Дон Жуан и Керубин (во истоимените дела), Херман Клаус („Диво месо“), Луков („Црнила“), Исидор Солунски („Еригон“), Максим Бродски („Р“), Поцо („Чекајќи го Годо“), Актерот („Гардеробер“), Боро („Ју антитеза“), Одисеј („Филоктет“), Најдо („Јане Задрогаз“) и др. Р. Ст.