ТЕЛЕГРАФСКА АГЕНЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ТЕЛЕГРАФСКА АГЕНЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА (ТАМ) (5. Ⅸ 1944 – 1945) – агенција за информирање на ДФ Македонија. Била формирана со одлука на Третата седница на Президиумот на АСНОМ во ман. „Св. Прохор Пчињски“ (2–5. Ⅸ 1944). Тоа е прва македонска национална информативна агенција во историјата. Одиграла значајна улога во афирмирањето на придобивките од НОАВМ. Подоцна станала подружница на Новинската агенција ТАНЈУГ и била преименувана во Републичка агенција на ТАНЈУГ за Македонија. ИЗВ.: АСНОМ. Документи,И,2, Скопје, 1984. ЛИТ.: Д-р Новица Велјановски,АСНОМ,Културолошки димензии, Скопје, 2004. С. Мл. Петар Темелковски