ТАЈМИШТЕ

ТАЈМИШТЕ – рудник на Фе руда, кој се наоѓа на источните падини на планината Бистра. Тој е карактеристичен претставник на вулканогено-седиментни наоѓалишта на железо. Локализиран е во вулканогено-седиментна средина изградена од различни видови карпи, при што рудната минерализација е ограничена на продуктивниот хоризонт со дебелина од повеќе десетици метри. Моќноста на рудните слоеви е од неколку сантиметри до повеќе од 20 м. Во поглед на минералниот состав во наоѓалиштата се забележува присуство на силикати на железото и сидерит. Примарниот минерален состав на оруднувањето под влијание на подоцнешните метаморфни процеси и тектонски раздробувања претрпел интензивни промени, па така дешифрирањето на примарниот вид на појавување честопати е отежнато. Содржината на Фе во рудата се движи во дијапазон од 32 до 37% Фе.
ЛИТ.: Д. Смилков, Металогенија рудне зоне Тајмиште, Западна Македонија, РГФ, Белград, 1994. Т. Сер.

Напишете коментар