ТАШКОВ, Љубомир

ТАШКОВ, Љубомир (Струмица, 2. Ⅳ 1949) – дипл. град. инж., редовен професор од областа на сеизмологијата. Основно училиште завршил во Скопје, а средно во ГУЦ „Здравко Цветковски“, како архитектонски техничар. Градежен факултет (Конструктивна насока) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ завршил во 1974 г. како најдобар студент на генерацијата. Магистрирал во ИЗИИС (1980), каде што и докторирал (1987). Раководител на Лабораторијата за динамички испитувања е од 1981 до 2005 г.; редовен професор на постдипломските студии на ИЗИИС и учесник во повеќе меѓународни проекти. К. Тал.