ТАШКОВСКИ, Васко

ТАШКОВСКИ, Васко (с. Нижеполе, Битолско, 31. Ⅷ 1937) & академски сликар, академик. Го завршил Средното уметничко училиште во Скопје (1958), а потоа дипломирал на Академијата за применета уметност во Бел-град (1964). Подолго време работел како сценограф во Македонската телевизија (1965&1991), со над 300 реализирани сценографии. Избран е за дописен (21. Ⅳ 1994), а потоа и за редовен (20. Ⅵ 1994) член на МАНУ. Реализирал околу 750 слики во маслена техника, 2.500 акварели, 1.000 цртежи, над 10.000 скици и голем број графики. Се занимавал и со графички дизајн. Учествувал на повеќе групни изложби и приредил 40 самостојни изложби во земјата и во светот: шибеник (1965), Скопје (1969, 1970, 1973, 1982, 1987, 1988, 1990, 1994, 1995, 1998, 1999, 2000, 2002, 2005, 2007), Битола (1969, 1983), Струмица (1970), Белград (1977), Загреб (1977, 1989), Каиро (1981), Ниш (1987), Зрењанин (1988), Струга (1988, 2005), Охрид (1988, 1996), Битола (1988, 2001), Велес (1988), Париз (1992), Крајова (1996), Анкара (1996, 1998), Цирих (1996), Њујорк (2000), Виена (2001) и Штип (2003). Неговите дела се наоѓаат во голем број приВ. Ташковски: Аеродром (1994) ватни колекции, галерии, музеи и институции во земјата и во светот, од Македонија и Европа, до САД, Австралија и Националниот музеј на Кина во Пекинг (2005). Застапен е во прегледи и монографии за историјата на светската уметност, а за неговото творештво се снимени и пет телевизиски филмови во продукција на Радио-телевизија Скопје по сценарио и во режија на Коле Манев (Приквечерина, 1981), во реализација на Оливера Христова (Во ателјето на Васко Ташковски, 1983), по сценарио и во режија на Илија Филиповски (Пустината расте, пустошот расте, 1988), во режија на Кочо Недков (Ташковски, 1994) и по сценарио и во режија на Коле Малинов (Слики што го говорат човекот, 1998). Тој е водечки претставник на фантастичното сликарство, еколошките и космичките теми во македонската ликовна уметност, со широка афирмација на Балканот, во Европа и во светот. БИБ.: 50 години цртачки корени, МАНУ, Скопје, декември 2007. С. Мл. Драган Ташковски: „Раѓањето на македонската нација