ТАШКОВСКИ, Братислав

ТАШКОВСКИ, Братислав (Скопје, 1960) – поет, раскажувач, публицист, новинар, редактор на „Македонско дело“ и на литературниот месечник „АКТ“ и „Форум плус“. Студирал новинарство на Скопскиот универзитет „Кирил и Методиј“. Бил претседател на Советот на меѓународната поетска манифестација Струшки ве-Братислав Ташковски чери на поезијата. Објавил повеќе поетски книги. БИБ.: Прсти во облаците (1987), Бикови во мојот крвоток (1989), Опасна хартија (1991), Ангелот и жената муза (1994), Демоника, Мојот кинески меч (2001), Попладнето на еден оптимист (2003), Песни од минатиот век (2004), Гола земја (2005), Големата љубовна песна (2006). Г. Т. Васко Ташковски