ТАХОВ, Наум

ТАХОВ, Наум (Крушево, 1867 – Софија, 1930) – слеп народен пејач, собирач на народни умотворби и автор на песни. Во Софија го отпечатил својот зборник со македонски народни песни (1895). Десетина песни му отстапил Марко Цепенков. Објавени се и 40 влашки песни. Голем број од песните се однесуваат за личности од ослободителното движење од овој период. Бидејќи бил слеп, слабостите во записите треба да му се припишат на оној што му помагал и што му го редактирал Зборникот. Некои од песните се негови лични творби. Објавил и посебна збирка „Македонска солза“ со лични и народни песни посветени на Илинденското востание (1904). БИБ.: Сборник„ от„ македонски б„лгарски народни п‹сни, с„брал Наум„ Тахов„, София, 1895; Македонска сÍлза, София, 1904. М. Кит.