ТАХИР, ќамуран

ТАХИР, ќамуран (Скопје, 17. И 1925) – борец, новинар и политички деец. Ја завршил гимназијата во Велес и подоцна Вишата политичка школа „Ѓуро Ѓаковиќ“ и Високата школа за политички науки во Белград. Како гимназијалец бил член на СКОЈ (од 1941), член на МК на СКОЈ во Велес, учесник во НОБ (1941), како борец и заменик политички комесар во Велешкиот НОПО (од 1942). Бил ранет и уапсен (1943), но како малолетен ослободен на судењето. Станал член на КПМ (од 1944) и пак бил уапсен (1944) и осуден на 10 години затвор, но успеал да избега и пак се приклучил во НОБ. Демобилизиран како резервен капетан на ЈНА. По Ослободувањето бил член на Околискиот комитет на КПМ, секретар на Окружниот комитет на СКОЈ и член на Градскиот комитет на на КПМ во Велес, инструктор на ЦК на КПМ, уредник на Радио Скопје, дописник на в.„Комунист“, член на Идеолошката комисија на ЦК на СКМ, народен пратеник и потпретседател на Републичкиот собор на Собранието на СРМ, секретар на Околискиот комитет на СКМ во Велес, член и секретар на Главниот одбор на ССРНМ, член и претседател на комисија на Извршниот одбор на Сојузната конференција на ССРНЈ, потпретседател на Извршниот совет на СРМ (до 1969), претседател на Градската конференција на СКМ во Скопје (1970), член на ЦК на СКМ, член на Контролната комисија на СКЈ и член на постојаниот дел на Конференцијата на СКЈ. Исто така, бил претседател на Универзитетскиот совет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и претседател на Градската организација на СК во Скопје. ЛИТ.: Велешки партизански одред во 1942 година, Велес, 1999. БИБ.: Десетгодишнината на АСНОМ и националните малцинства, Десетгодишнина на Народна Република Македонија, АСНОМ 1944–1954, Скопје, 1954, 7881; Првиот партизански одред во Македонија (прв скопски одред) и инсинуациите за Методиј шаторов-шарло, Методија шаторов-шарло и неговото време (1897–1944), Скопје, 2007, 151-164. С. Мл.