ТАСЕВСКИ, Сашо

ТАСЕВСКИ, Сашо (Скопје, 10. Ⅳ 1972) – актер. Дипломирал на Отсекот за актерска игра на ФДУ во Скопје, (1995). Од 1998 г. е член на Драмскиот театар во Скопје. УЛОГ: Филоктет (во истоименото дело); „Роберто Зуко“ (неколку улоги во претставата), Силвио („Арлекин, слуга на двајца господари“), Лука („Стари миризби“), „Кандид во земјата на чудата“ (неколку улоги во претставата), Цибра („Тетовирани души“), Калабазес („што е тоа што ги тера жените навечер да трчаат по улиците на Мадрид“), Кулигин („Три сестри“). Р. Ст.