ТАСЕВСКИ, Владо

ТАСЕВСКИ, Владо (Прилеп, 1916 – 11. ⅩⅠⅠ 1943) – браварски работник, комунистички деец и борец. По завршувањето на четири класа гимназија, се вработил во Ложилницата на Железницата во Прилеп, каде што го изучувал браварскиот занает. Се префрлил на работа во Ложилницата во Скопје (1936) и се вклучил во синдикалното движење. Бил раководител на штрајкот во Ложилницата (2. Ⅱ 1940), организатор на повеќе излети со програма, како и на Му-зичкото друштво на железничарите. Тој ги повел и работниците од Ложилницата на Мартовските демонстрации (1941). Како член на МК на КПЈ во Скопје, ја избегнал полициската блокада на Ложилницата (16. Ⅶ 1943) и станал борец на шарпланинскиот НОПО, а потоа во Кумановскиот НОПО. Загинал во борба со четничките сили. ЛИТ.: Катерина Гогова, Агентите останаа со празни раце, „13 Ноември“, Ⅳ, 4, Скопје, 1965, 5; Владо Тасевски, „13 Ноември“, Ⅷ, 8, Скопје, 1969, 24; Владо Тасевски, „13 Ноември“, Ⅸ, 9, Скопје, 1970, 21; Душко Атанасовски, НОБ во селата под Љуботен, Тетово, 1971; Митре Инадески, Хронологија на Скопје, Скопје, 1974; Крсто Здравковски, Да не се заборави, Скопје, 1982; Катерина Гогова, Владо Тасевски, Скопје, 1982; Владо Тасевски, „Вечер“, Ⅶ, 1993, Скопје, 23. Ⅹ 1969, 13. С. Мл. Сашо Тасевски