ТАСЕВСКИ, Александар

ТАСЕВСКИ, Александар (Македонски Брод, 14. Ⅹ 1953) – одбојкар. Го завршил Автосообраќајниот училиштен центар во Скопје Александар Тасевски (1973). Бил член на ОК „Работнички“ и ОК „Вардар“ во Скопје. Настапил 210 пати за Одбојкарската репрезентација на Југославија (1972–1984). На седум балкански првенства освоил трипати второ и четирипати трето место. На Медитеранските игри во Сплит (1979) освоил прво, а на Европското првенство во Франција (1979) трето место. Настапил и на Олимписките игри (1980) и на завршните натпревари за Купот на европските шампиони (1974/75). Ј. М. Владо Тасевски