ТАСЕВСКА, Душка

ТАСЕВСКА, Душка (Прилеп, 25. Ⅶ 1938) – виолончелист. Студиите по виолончело ги завршува на Музичката академија во Загреб (проф. Рудолф Мац, 1965). Престојува на специјализација кај Е. Папаставро во Париз (1967–1970). Асистент е на проф. А. Навара во Скопје (1972–1975), како и на неговите музички семинари во Охрид. Од 1974 г. работи како професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Својата солистичка кариера ја започнува 1966 г., а во богатата уметничка кариера реализира завиден репертоар, каде значајно место имаа многу дела создадени од македонски композитори. Како истакнат македонски репродуктивен уметник, настапувала на бројни концерти во Македонија и надвор од неа. Б. Орт.