ТАРАНЕШ

ТАРАНЕШ (Дебарско) – археолошки локалитет од доцноантичко време, каде што во 1982 г. е откриен гроб – тип циста. Граден е од монолитни плочи, меѓусебно поврзани, залиени со олово и покриени со плочи од архитектонски објекти во секундарна употреба. Во него се откриени: сребрена позлатена чинија со ликот на Лициниј Ⅱ, сребрен ѓум – кана, сребрена мамуза со позлата, сребрен палимпсест, прибор за пишување од бронза, стаклена чаша дијатрета, две вретенести фиоли, коскени жетони за игра, железна секира и златна лачна фибула со натпис ИОВИ АВГ(ВСТЕ) ВИНЦАС; ИОВИ ЦАЕС(АР) ВИВАС. Наодот датира од околу 314 г. ЛИТ.: Милан Ивановски, Тхе граве оф а њарриор фром тхе Период од Лициниус И фоунд ат Таранес, „Арцхаеологиа Иугославица“, Лјублјана 1987, 81–90. М. И. Стојан Тарапуза