ТАПЕТАРСКО ПРОИЗВОДСТВО

ТАПЕТАРСКО ПРОИЗВОДСТВО – посебен сегмент од дрвно-индустриското производство на тапациран мебел. Во тапацираниот мебел влегуваат: мебелот за седење и мебелот за седење и лежење. Тапацираниот мебел го сочинуваат: фотелја (едносед), аголен едносед, двосед, тросед, табуретка и тросед со вграден механизам за трансформација во кревет. При конструирањето на тапацираниот мебел се води сметка за формата, што треба да биде приспособена на анатомската градба на човекот како основен фактор, како и за цврстината на конструкки оптоварувања. Складноста на боите и дезенот на мебел-штофот го даваат севкупниот ефект на тапетарскиот производ. Тие го адаптираат тапетарскиот производ во ентериерот и имаат позитивно влијание врз човекот. Б. Ил. Димче Коцо: Таписерија