ТАНЧЕВ, Љубомир

ТАНЧЕВ, Љубомир (Прилеп, 9. Ⅶ 1945) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1992) по предметите Брани и Хидротехнички објекти. Завршил постдипломски студии во Делфт, Холандија (1978/1979), докторирал во Скопје (1988). Учествувал во повеќе проекти од хидротехниката. Објавил преку триесет научни труда и четири книги од кои најзначајна е „Брани и придружни хидротехнички објекти“ (награда „Гоце Делчев“, 2005), издадена и на англиски јазик (Таѕлор С. Франсцес, Лондон, 2005). Бил декан (1999–2003) и претседател на Македонскиот комитет за големи брани (од 1994). Активно се занимава со шах (прв македонски ФИДЕ мајстор, 1983). ЛИТ.: Градежен факултет – Скопје, монографија, Скопје, 1999 г. Р. Д.