ТАНЧЕВ, поп Стамен

ТАНЧЕВ, поп Стамен (с. Бугариево, Солунско, 1857 – Солун,5.Ⅹ 1904) – свештеник, припадник на ТМОРО. Бил на служба во Егзархиската црква „Св. Димитрија“ во Солун и претседател на Солунската црковно-училишна општина, член на МРО (1894). Во врска со Солунската афера (1901) бил затворен во Подрум Кале. По амнестијата (1902) ги продолжил револуционерната и црковната дејност. Убиен од грчките андарти. ЛИТ.: Х. Силянов, Освободителните борби на Македония, И, 472, Ⅱ. 591. София, 1983. Ал. Тр.