ТАНЗИМАТ

ТАНЗИМАТ (тур. танзимат-и хаѕриѕе – благотворни уредби)– назив за реформите воведени во Османлиската Империја со Ѓулханскиот хатишериф (1839) по кои и периодот што следел бил наречен „Танзимат“. Биле гарантирани безбедноста на животот, честа и имотот, бил укинат закупот на даноците, биле воведени нови правила за регрутација во војската, слободно градење, доградба или реновирање на црквите и манастирите, како и полна рамноправност пред законот на сите султански поданици, без разлика на нивната вера, народност и имотна положба. ЛИТ.: Ерик Ј. Зурцхер, Туркеѕ. А Модерн Хисторѕ, Лондон – Нењ Ѕорк, 1996; История на Османската империя, под редак. на Робер Мантран, София, 1999. Др. Ѓ. ТАНЦОВ ОРКЕСТАР НА МРТ