ТАНЕ ЦАЛЕСКИ АД

„ТАНЕ ЦАЛЕСКИ“ АД – Кичево – фабрика за навојни производи од жица. Изградбата започнала во 1962, а производството на завртки и навртки во 1964 г. Производниот процес се базира врз технологијата на ладно ковење на жица во алат и тоа: завртки и навртки со димензија од М 20 мм, при што технолошкиот процес е заокружен од подготовката на жицата до добивањето на готовиот производ. Производството на навојни и жичени производи изнесува околу 3.000 т/год. изработени по стандарди за ваков вид производи, како и специјални производи. Главен купувач на производите се фирми од земјата, како и фирми од Чешка, Унгарија, Грција, Турција, Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора. Сл. А.