ТАНЕВСКИ, Јосиф

ТАНЕВСКИ, Јосиф (Скопје, 1945) – инж. технолог, унив. професор, основач на Движењето на екологистите на РМ. Дипломирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје (1970). Магистрирал (1975) и докторирал (1985) на Универзитетот во Загреб. Имал повеќе специјализации на универзитетите во Париз и во Хамбург. Од 1975 г. е координатор во Институтот на „Алкалоид“ – Скопје. Бил професор по хемија на Универзитетот во Оран, Алжир (од 1985). Ја формира и ја развива фирмата „Фармахем“ (од 1990). Пионер во заштитата на животната средина во Македонија. Основач на друштвото „Опстанок“ и претседател на Движењето на екологистите. Ав-тор е на студии, елаборати и научни трудови. Св. Х. Ј.