ТАЛАГАНОВ, Коста

ТАЛАГАНОВ, Коста (Скопје, 4. И 1939) – градежен инженер, редовен професор од областа на сеизмологијата. Дипломирал на Градежниот факултет во Скопје. Во ИЗИИС завршил постдипломски и докторски студии и работел како раководител на отсек, заменик-директор и директор (1976– 2004). Бил член на Агенцијата за евалуација на високото образование на РМ; директор на Меѓународниот курс за асеизмичко градење и на регионалните постдипломски студии во ИЗИИС. Има извршено голем број истражувања во земјотресното инженерство, со специјалност динамиката на почвите и сеизмичкиот ризик. Објавил повеќе од 100 научни и стручни труда во меѓународни списанија и конференции. Едитор е на книгата „Цомпутатионал Струцтурал Дѕнамицс“ (А. А. Балкема, 2002). Престојувал на Беркли универзитетот во Калифорнија (САД), на Универзитетот во Токио (Јапонија) и на Универзитетот во Адис Абеба (Етиопија). Бил национален делегат во Европската асоцијација за земјотресно инженерство. Ги предавал предметите Динамика на почви и фундаменти и Асеизмичко проектирање на брани. К. Тал.