ТАКОВСКИ, Јован

ТАКОВСКИ, Јован (с. Умлена, Берово, 18. Ⅲ 1942) – теолог, свештеник, професор, преведувач. Завршил богословија во Приштина, Богословски факултет во Белград (1967), Филолошки факултет во Скопје (1980), а постдипломски студии во Париз. Докторирал како прв доктор по теолошки науки на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Работел во Богословијата и на Богословскиот факултет во Скопје. Бил декан (2001–2004) на Факултетот и визитинг професор (2006) при Мелбурншкиот универзитет во Австралија. Ракоположен за ѓакон (1973) и во свештенички чин (1993). Член на литературните преведувачи на Македонија. Ав-тор на повеќе преводи и на научни прилози и одделни публикации. Учесник на научни трибини и собири во земјата и во странство. БИБ.: Црковнословенска граматика со црковнословенско-македонски речник, Скопје, 2004; Просвештението во теологијата на св. Климент Охридски, Скопје, 2006. Ал. Тр. Коста Талаганов