ТАКИ, Хамид

ТАКИ, Хамид (с. Ваксинце, Кумановско, 8. Ⅴ 1924) – политички деец. Бил учесник во НОБ (од 1941), член на КПМ (од 1943), заменик политички комесар и политички комесар на баталјон на НОВ и ПОМ. По Ослободувањето бил на разни раководни должности во ЈНА (до 1948), ја завршил Вишата политичка школа „Ѓуро Ѓаковиќ“ во Белград и студирал на Филозофскиот факултет. Извршувал значајни политички должности: член на Бирото на Обласниот комитет на КПМ, секретар на Обласниот народен одбор и секретар на Околискиот народен одбор во Куманово; секретар на Општинскиот комитет на СКМ, директор на рудник и претседател на Собранието на Општината во с. Липково. Исто така, бил претседател на Околискиот одбор на СЗБНОВ, организационен и политички секретар на Околискиот комитет на СКМ во Куманово, член на ЦК на СКМ, член на постојаниот дел на Конференцијата на СКМ и секретар на Републичкиот одбор на СЗБНОВ на Македонија. Носител е на Партизанска споменица 1941. С. Мл. Јован Таковски