ТАИРИ, Џемаил

ТАИРИ, Џемаил (Струга, 1924 – Струга, 1990) – работник и политички деец. Како учесник во НОБ (од 1943) бил политички комесар на чета и заменик политички комесар на баталјон, демобилизиран како резервен капетан на ЈНА. По Ослободувањето работел, главно, како професионален политички работник и меѓу другото, бил секретар на Општинскиот комитет на СКМ во Струга, народен пратеник во Републичкиот собор на Народното собрание на НРМ и член на Главниот одбор на ССРНМ. С. Мл.