СЈУ РАЈДЕР

„СЈУ РАЈДЕР“ (СУЕ РЅДЕР ЦАРЕ) – специјализирана установа во Скопје за палијативно згрижување, која обезбедува хумана и достоинствена грижа на болни во терминалниот стадиум на болеста. Формирана е во 1998 г. со капацитет од 75 кревети со партнерство меѓу Владата на РМ, фондацијата Суе Рѕдер Царе и Европската унија. Од 2007 г. во нејзин склоп функционира и палијативно згрижување во домашни услови за Град Скопје. Интегрирана е во здравствениот систем на државата. Д. С.-Б.