СУРОВА

СУРОВА (СУРВА) – именување на Новата година според стариот календар. Името доаѓа од суровењето, удирањето на луѓето и стоката (особено болните и изнемоштените) со сурови прачки, со верување дека ќе иницираат здравје и среќа. И во песните се пее: „Сурова, сурова година…“ Обичаите ги изведуваат одделно децата, одделно возрасните. Децата палат оган на сретселото, потоа одат по домовите и пеат василичарски песни, ги суроват домашните и за тоа добиваат даро
ви. Возрасните пак се организираат во поголеми дружини, пеат песни, изведуваат драмски игри со многу вулгарни содржини, ги суроват луѓето, ги бркаат демоните, но кажуваат и многу благослови за среќна и плодна година.
ЛИТ.: Српски народни обичаји у –евÚелиској кази. Прикупио и описао Стефан Танови¢, учитељ, Београд, 1927; Вера Кличкова, Божиќни обичаи во Скопската Котлина, „Гласник на Етнолошкиот музеј“, 1, Скопје, 1960; Наум Целаковски, Дебарца, обреди и обредни игри, Скопје, 1984; Марко Китевски, Македонски праз
ници, Скопје, 2001. М. Кит.