СУРМЕЈАН, Хазарос

СУРМЕЈАН, Хазарос (Скопје, 21. Ⅳ 1943) – балетски играч. Балетското образование го завршува во Балетското училиште во Скопје, во класата на А. Доброхотов. Член е на Балетскиот ансамбл при МНТ (1958-1961). Играч со сигурна балетска техника и со чувство на танцова поддршка и партнерство. Солист на балетите во Келн и во Минхен (1961-1965), а од 1966 г. и во Националниот театар во Торонто. За балетската сцена при МНТ го кореографира делото на С. Прокофјев „Ромео и Јулија“ (1987), а подоцна (2003) и претставата „Ана Каренина“ (П. И. Чајковски). УЛОГ: Бенволио (С. Прокофјев, „Ромео и Јулија“), Џокер (Џ. Росини, „Фантастичен дуќан“), Бесмртниот кашчеј (И. Стравински, „Жар-птица“) и др. Ем. Џ.