СУПЕРВИЗИЈА НА БАНКИТЕ ВО РМ

СУПЕРВИЗИЈА НА БАНКИТЕ ВО Република Македонија– збир на активности за контрола на усогласеноста на банките со домашните и меѓународните прописи и банкарски стандарди со цел да се обезбеди здрав Топчести охридски сунѓери Народната банка на РМ, Скопје и стабилен банкарски систем. Непосредно по монетарното осамостојување на Македонија, супервизорската функција на централната банка се наоѓа во зачеток. За потребите на лиценцирањето и контролата на банките, во ноември 1992 г. е формирана Дирекција за супервизија во рамките на Централната банка. Заради вклучување во модерните текови на банкарската супервизија, во текот на 1996 г., НБРМ купува акции во Банката за меѓународни порамнувања во Базел (БИС), а истата година таа станува членка на Групата банкарски супервизори од Централна и Источна Европа. Во текот на 1994 г. донесена е основната подзаконска регулатива од областа на супервизијата за мере-ње на солвентноста на банките и оцена на квалитетот на активата. Како резултат на овие активности, веќе на крајот од 1994 г. и почетокот на 1995 г. НБРМ ги извршува првите непосредни контроли засновани врз т.н. ЦАМЕЛ рејтинг-систем. Притоа, во овој период, супервизорите утврдуваат бројни проблеми во работењето на банките и штедилниците, како: висок процент на ризични пласмани, нетранспарентна акционерска структура, несоодветна книговодствена евиденција, несоодветни системи на внатрешна контрола и системи на управување итн. Во втората половина на 1999 г. НБРМ презема активности за усогласување на супервизорската функција со Базелските принципи за ефикасна банкарска супервизија и доаѓа до издвојување на теренската од вонтеренската супервизија. Во текот на 2000–2002 г., врз основа на новите законски прописи, е донесен пакет-одлуки од областа на супервизијата со кои се регулираат повеќе прашања, како: пресметката на адекватноста на капиталот, оценувањето на кредитниот ризик, следењето на ризикот на земјата, следењето на лимитите за кредитна концентрација, управувањето со ликвидносниот ризик, спроведувањето супервизија на консолидирана основа, управувањето со ризикот на девизниот курс итн. Во текот на 2004 г. доаѓа до одделување на супервизорската и регулативната функција на НБРМ преку формирање две посебни дирекции, а во 2005 г. започнуваат активности за постепена примена на Новата капитална спогодба (Басел Ⅱ). Врз основа на овие активности, денес, капацитетот на банкарската супервизија во Македонија е значително зголемен, со постојана тенденција за следење и прифаќање на меѓународните супервизорски стандарди. ЛИТ.: Кики Мангова Поњавиќ, Ванчо Каргов, 60 години централно банкарство во Република Македонија, Народна банка на Република Македонија, Скопје, 2006, 159-161. Г. П. Артур Сурмејан