СУНЃЕРИ

СУНЃЕРИ (Порифера) – повеќеклеточни животни. Имаат најниска телесна организација. Живеат во водна средина, претежно морска, прицврстени за подводни карпи или цврсти предмети. Наполно се неподвижни и потсетуваат на растенија. Големината на телото варира, од многу мали, до гигантски форми. Обојувањето на видовите е најразлично: од жолто, портокалово, црвенопурпурно до виолетово. Во Македонија се застапени само слатководни сунѓери. Од вкупно 9 видови и 1 подвид, 5 видови и 1 подвид се ендемити (4 вида во Охридското Езеро, еден вид во Преспанското и 1 подвид во Дојранското Езеро). Најчест сунѓер е Спонгилла лацустрис Л., која се среќава во Дојранското и во Преспанското Езеро, а во Охридското чест е видот Спонгилла фрагилис Леидѕ. Охридското Езеро се карактеризира со присуство и на ендемични видови, кои по својот облик потсетуваат на морските Оцхридоспонгиа ротунда Арндт. и Спонгилла станковици Арндт. Ендемитот Оцхридоспонгиа ротунда Арндт. претставува реликтен род и вид и со својата топчеста форма е многу сличен со ендемичните сунѓери од Галилејското Езеро во Палестина и од Бајкалското Езеро во Сибир. Живее во сублиторалот на Охридското Езеро на длабочина до 70 м. Води седентарен начин на живеење, прикрепен за черупките од школката Дреиссена полѕморпха Л. ЛИТ.: Њ., Арндт, Оцхридоспонгиа ротунда н.р.,н.сп., еин неуер Сüссњассер-сцхњам аус дем Охридсее, Арх. Хѕдробиол., 1937, 31: 636667; З. Цар, Спонгила лацустрис (Л.), „Гласн. Хрв. Природслов. Друштва“, Загреб, 1898, 10-28; Славе Хадзисце, Беитраге зур Кеннтнис дер Спонгилиден фауна дер Гроссен Мазедоницхен Сеен (Дојран, Преспа ун Охридсее), Рецуеил дес Травауџ Статион Хѕдробиологиљуе, Охрид, 1953, 3: 73-104; Ј., Гилберт, Славе Хаджишче, Охридоспонгилла станковици н.г., н.сп. анд Охридоспонгиа интерлитхонис н.сп. спонгес фром Лаке Охрид, 1982; Владимир Крпац, Бранислава Михајлова, Биодиверситѕ оф Мацедониа фром а виењ поинт оф хитхерто фаунистиц инвестигатионс. Партиципатион њитх Ундерпројецт: Класс Инсецта, Мацедониан Мусеум оф Натурал Хисторѕ – Министрѕ оф Сциенце, Финал Репорт, Скопје, 1999, 23-30; Група ав-тори, Цоунтрѕ Стадѕ фор биодиверситѕ оф тхе Републиц оф Мацедониа (фирст натионал репорт), Министрѕ оф енвиронмент анд пхѕсицал планнинг, Скопје, 2003. В. Т. К. – М. Кр.