СУЛТАН Јахја

СУЛТАН Јахја (?, 1585 – Котор, 1649) – авантурист што се претставувал како син на султанот Мехмед Ⅲ (1595 – 1603). Познат е по проектот за истерување на Османлиите од Балканскиот Полуостров преку востание на балканското христијанско население со помош на европските држави. Дел од неговите активности се одвивале и на територијата на Македонија. ЛИТ.: А. Матковски, Отпорот во Македонија во време на турското владеење, Ⅳ. Буни и востанија, Скопје, 1983; Стјепан Антолјак, Султан Јахја у Македонији, „Годишен зборник на Филозофскиот факултет“, кн. 13, Скопје, 1962. Др. Ѓ.