СУЛЕЈМАН, Јусуф

СУЛЕЈМАН, Јусуф (Скопје, 15. Ⅵ 1950) – поет, критичар, писател за деца, преведувач, од ромската националност. Завршил средно образование. Го формирал и го раководи Меѓународниот центар за литература, јазик и култура на Ромите во Македонија. Член на ДПМ од 1988 г. БИБ.: Мансура, поезија, 1981; Голтарот тој човек го научи да се бори, поезија, 1982; Не е време за елегии и меѓи, поезија, препев на албански јазик, 1983; Федаин, поезија, 1986; Со галија низ епохите, поезија двојазично – на македонски и на турски јазик, 1987; Лале, поезија, 1997; На Бит Пазар, поезија, ромски – македонски, 2001; Смртното и бесмртното во литературата на Ромите, студија, 2002. П. Гил.