СУЛЕЈМАН, Хусеин

СУЛЕЈМАН, Хусеин (Хüсеѕин Сüлеѕман) (Куманово, 1900 – Скопје, 1963) – раскажувач за деца и драмски автор од турската националност во РМ. Повеќе години бил учител. Како млад покажал интерес за литературата, за културното минато на турската националност во Македонија. Голем број статии од областа на литературата, историјата и културата објавил во весникот „Бирлик“. Пишувал за деца и младина, кои се објавени на детската страница на весникот „Бирлик“, на страниците на детските списанија „Севинч“ и „Томурџук“. По неговата смрт е објавена збирка раскази за деца. Пишувал и драмски творби со мотиви од народното творештво „Алиши“. ЛИТ.: Фахри Каѕа, ГöккуþаŸý, саѕ. 9, Üскüп, 1985. А. Аго Дестан Сулејмани