СУЛЕЈМАН, Нафи

СУЛЕЈМАН, Нафи (с. Трново, Битолско, 1918) – комунистички деец и воен командант. Бил член на СКОЈ (1941) и на КПЈ (од јуни 1943), поради што бил прогонуван и апсен. Бил командант на чета и на баталјон, командант на Четвртата македонска шиптарска бригада (26. Ⅷ 1944 – март 1945 и делегат на Првото заседание на АСНОМ. Непосредно по Ослободувањето бил одликуван со Ор-ден партизанска ѕвезда од Ⅲ ред (ноември-декември 1944) и се наоѓал на разни одговорни општествени должности. ИЗВ.: „Билтен“ на ВШ на НОВ и ПОЈ, Ⅳ, 46-47, Положај, ноември-декември 1944. ЛИТ.: Д-р Марјан Димитријевски, Македонската војска 1944-1945. (Преглед на Главниот штаб, бригадите, дивизиите, корпусите и Ⅴ југословенска армија), Скопје, 1999, 97-99. С. Мл.