СУЛЕЈМАНИ, Џафер

СУЛЕЈМАНИ, Џафер (Пермети, Албанија, 1871 – Тетово, 1948) – лекар. Медицина студирал во Цариград и Нанси. Од 1900 г. до крајот на животот работел како општ лекар во Тетово. Бил сенатор во Кралството Југославија. Уживал голем углед меѓу населението како лекар и особено поради неговите залагања за соживотот меѓу малцинствата во Тетово и Тетовско. Д. С.-Б.