СУЛЕЈМАНИ, Сејфедин

СУЛЕЈМАНИ, Сејфедин (Сејфедин Сулејмани) (с. Извор, Кумановско, 30. Ⅴ 1938 – Скопје, 24. Ⅹ 2008) – унив. професор, филозоф, литературен критичар, есеист, драм-Сејфедин Сулејмани ски писател. Основно образование завршил во родното место, учителска школа во Скопје, а потоа студирал филозофија на Скопскиот универзитет. Докторирал од областа на филозофските науки на Приштинскиот универзитет. Првин работел како новинар. Во 1970–74 г. бил главен и одговорен уредник во „Флака е велазеримит“. Од 1975 г., па с“ до пензионирањето, работел како предавач и професор по социологија, логика и филозофија на Скопскиот и на Приштинскиот универзитет. Неговиот научен опус од областа на филозофијата, социологијата, логиката, етиката и естетиката е мошне богат. Објавил повеќе од 300 научни трудови. Автор е на неколку драми, есеи, критики и монографии. Член е на ДПМ (1970). БИБ.: Абелард и Хелоиза, драма, 1968; Патишта на животот, драма, 1970; што е естетиката, 1971; Филозофијата и уметностите, 1971; Есеи, 1975; Скици од историјата на филозофијата, 1976; Наим Фрасхери –коха, јета дхе вепра (Наим Фрашери -време, живот и дело), 1979; Естетика, И, 1981; Естетика, Ⅱ, 1983; Естетски паралипомени, 1984; Трудови и студии, 1985; Панта реи, 1988; Естетика, 2003. А. П.