СУЛЕЈМАНИ, Дестан,

СУЛЕЈМАНИ, Дестан, (с. Радолишта, Гостиварско, 1. Ⅴ 1930) – општествено-политички деец. Завршил Виша управна школа во Скопје. Бил претседател на младински комитет и на фабричка синдикална организација, претседател на Општинскиот синдикален совет, член на Општинскиот и на Околискиот комитет на СКМ и претседател на Општинската конференција на ССРНМ во Гостивар, како и пратеник во Стопанскиот собор на Собранието на СРМ (1970). С. Мл.