СУКЦЕСИЈА НА СФРЈ

СУКЦЕСИЈА НА СФРЈ – правен институт со кој се регулираат правата и обврските помеѓу државата што се распадна СФРЈ и новосоздадените држави што произлегуваат од нејзиниот распад – наследнички, за прв пат спомнат во Мислењето бр. 1 (10. ⅩⅠⅠ 1991) на Бадентеровата комисија, во кое се констатира процес на распаѓање на СФРЈ, подоцна и во Мислењето бр. 9 (4. Ⅵ 1992). На Лондонската конференција за Југославија се формира работна група за прашања на сукцесијата. Преговорите за прашања на сукцесијата (1992–2001) завршуваат со склучување Спогодба за прашањата на сукцесијата (29. Ⅵ 2001) во Виена. Спогодбата ги дефинира РМ, СРЈ, РБИХ, РХ и РСЛ како пет рамноправни наследнички на СФРЈ и ги утврдува модалитетите на меѓусебната поделба на: движниот и недвижниот имот; дипломатските и конзуларните имоти; финансиската актива и пасива; архивите; пензиите; приватниот имот и стекнатите права и други права, интереси и обврски. Спогодбата стапува во сила во 2004 г. Започната е поделбата на девизните резерви депонирани во Банката за меѓународни порамнувања, на средствата блокирани во американски финансиски институции, на средствата депонирани кај други финансиски субјекти и регулирање на долгот на СССР кон СФРЈ, како и поделба на објектите на претставништвата на СФРЈ. ИЗВ.: Спогодба за прашањата на сукцесијата, 29.Ⅵ 2001 „Службен весник на РМ“, 12/02. Т. Петр. Султанот Сулејман И Кануни