СУДСКИ СОВЕТ НА РМ

СУДСКИ СОВЕТ НА Република Македонија–самостоен и независен орган на судството во РМ. Воведен е со уставните амандмани од 2005 г. на местото на Републичкиот судски совет, кој функционираше од 1994 до 2006 г. Судскиот совет го сочинуваат 15 члена: осум избираат судиите од своите редови; пет избира Собранието на РМ, а по функција членови на Советот се и претседателот на Врховниот суд на Република Македонијаи министерот за правда. Право на глас имаат 625 судии од сите судови во земјата. Изборите се спроведени на 15. Ⅺ 2006 г. на 31 избирачко место. Осуммина судии се избрани од редот на 53 утврдени кандидати, на непосредни избори и со тајно гласање. Пет Судската палата во Скопје: Судскиот совет на Република Македонијаи Врховниот суд членови се избрани во 2007 г. од Собранието на РМ, од кои тројца по предлог од Комисијата за избор и именување на Собранието на РМ, а двајца по предлог од претседателот Бранко Црвенковски. Мандатот на избраните членови на Советот е шест години, со право на уште еден избор. ЛИТ.: Светомир шкариќ, Уставно право, Скопје, 2006. Св. ш.