СУДСКИТЕ ПРОЦЕСИ ВО ПИРИНСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

СУДСКИТЕ ПРОЦЕСИ ВО ПИРИНСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА (1933 –) – процеси на бугарските судови против борци за македонски национални права. Во 1933 г. во Разлог бил одржан судски процес на кој им се судело на македонските револуционери – комунисти: Никола Парапунов, Крсто Стојчев, Костадин Лагадинов и на припадниците на ВМРО(Об.). Во 1936 г., во Софија и во Неврокоп на големите судски процеси припадниците на ВМРО(Об.) јавно ја искажале својата македонска национална припадност. Во времето на Ⅱ светска војна, на неколку судски процеси, во отсуство, на смрт биле осудени Никола Парапунов, Иван Козарев, Никола Калапчиев и други Македонци антифашисти. Во 1942 г. во Софија и во Горна Џумаја биле осудени на смрт Никола Вапцаров, Антон Попов, Атанас Романов, Гроздан Николов, Станке Лисичков и Владо Чимев. На судските процеси по Резолуцијата на ИБ (1949) бугарските судови им суделе на делегатите на Првото заседание на АСНОМ Васил Василев и Атанас Великов Атанасов. На други судски процеси, во истата година, биле изречени 3 доживотни и повеќегодишни затворски казни. Во 1958 г. на повеќегодишни казни биле осудени Стојан Георгиев-Томовичин, Кирил Рушкин, Борис Прегов, Ѓорги Поп-Атанасов и др. Во 1974 г. биле осудени Сократ Маркилов, Пандо Илиев, Илија Кочев, Томовичин и др. Во седумдесеттите и осумдесеттите години биле осудени Јордан Костадинов (актуелен претседател на ОМО „Илинден“) и други Македонци борци за национални права. ИЗВ.: Архив на Министерството на вÍтрешните работи на Република БÍлгария. ф. 105232, 1. Ⅲ, 1, стр. 17-32; ф. 68 – 105611 во 10 тома. ЛИТ.: Стефан Коларов, шестимата от дело, Но.585/1942. Ⅱ изд., София, 1985; Стојан Георгиев Томовичин, Македонија над сè, Битола, 1990. В. Јот. Од Обвинителниот акт на Битолскиот суд против група комунисти (19. Х 1941)