СУВОДОЛ–

СУВОДОЛ–БИТОЛА – рудник за јаглен што се наоѓа во јужниот дел на Пелагонискиот басен и има површина од 1.500 км 2. Продуктивната јагленосна формација е издиференцирана на: подински јагленосен комплекс и главен, продуктивен јагленов слој. Според квалитативните параметри, може да се констатира дека јагленовата супстанција во наоѓалиштето ги поседува својствата на ме-ките кафеави јаглени – лигнити. Вкупните геолошки резерви на јаглен во наоѓалиштето Суводол изнесуваат 224 × 106 т јаглен, од кои 144 × 106 т му припаѓаат на главниот јагленов слој што е во постојана динамика на експлоатација, а 80 × 10 6 тони отпаѓаат на подинскиот јагленосен комплекс. Рудникот за јаглен Суводол ЛИТ.: Б. Андреевски, Јаглени. Генетски и квалитативни карактеристики, наоѓалишта на јаглен и заштита на животната средина, РГФ, Штип, 1995. Т. Сер. Ѓорѓи Сугарев