СУВОДОЛ, СЛАНЕЦ, БИТОЛСКО

СУВОДОЛ, СЛАНЕЦ, БИТОЛСКО – ранохристијанска крајпатна базилика, на составот на Синевирска и Ореовска Река, на прастарата патна комуникација што водела од Пелагониската Висорамнина преку превојот Преслап, траса од денешниот Суводол кон Маково, во Мариово, и потаму по Еригон кон Повардарјето. Базиликата кај Сланец (28,8 × 29,85 м) била подигната во Ⅵ в.н.е. Компонирана е од ексонартекс, нартекс, трикорабен наос со аркадна партиција меѓу корабите, јужни и северни анекси со североисточен баптистериј. Презвитеријалниот дел е минимално редуциран во централниот кораб. Камената архитектонска пластика, која датира од средината на Ⅵ в.н.е., се состои од олтарни столпци надградени со колонети и од четирилисни капители со архитравна греда, олтарни плутеи со карактеристична ранохристијанска симболика (ромбови, пелти, четирилисни розети, ранохристијански крстови (четирикраки, осмокраки во круг).
ЛИТ.: Ф. Месеснел, Дие Аусграбунген еинер алтцхристлицхен Басилике ин Суводол деи Битолј,, Ацтес ду Ⅳ Цонг. Инт. бѕз., Софие, 1936; В. Лилчиќ, Македонскиот камен за боговите, христијаните и за живот по животот, Ⅱ, Скопје, 2002, 774, 776–779. В. Л.

mk_MKMacedonian