СУВА ГОРА

СУВА ГОРА – средновисока планина во западниот дел на РМ. Претставува типичен хорст издигнат помеѓу котлината Полог на запад, кањонската клисура на реката Треска на исток, на север се протега до Илин Гроб, а оттаму продолжува во планината Осој, чии клонови се спуштаат во полите на Сува Река и Тетовска Суводолица. Планината со неотектонските движења е зафатена со рамномерно издигање на целата површина. Нејзиното било претставува пространо, широко и разбиено карстно плато на височина од 1.600 м, која спрема југ од највисокиот врв Кодра Таурли (1.857 м) стрмно се спушта во с. Корито. Се протега во правец зјзсси. Морфопластиката на Сува Гора овозможила да се одликува со значителна површина од 1.000 до 1.500 м (40 км²). Бидејќи е изградена од варовници, развиени се сите површински карстни облици, меѓу кои доминираат вртачите, а се среќаваат и неколку мали карстни полиња. Т. Анд. Сува Планина