СУБОТИЌ, Гојко

СУБОТИЌ, Гојко (Босанска Градишка, 11. Ⅷ 1931) – историчар на уметноста, академик, член на МАНУ надвор од работниот состав и еден од најзначајните проучувачи на спомениците од средниот век и од периодот на турското владеење во Македонија. Речиси половина од неговиот опус е со тематика сврзана со живописот на византискиот стил во македонските споменици. Во делото Охридската сликарска школа од ⅩⅤ век ги има анализирано сите сликарски ансамбли на македонски терен, како и во Бугарија и во Грција, за коишто мисли дека припаѓаат на Охридската школа од ⅩⅤ в., со што битно ги збогатува нашите сознанија за овој малку проучуван период на уметноста во Македонија. Книгата спаѓа меѓу најреферентните студии за овој период во светот. Исто така, и книгата Свети Константин и Јелена у Охриду е прва и единствена монографија за овој значаен храм во охридскиот среден век. Се занимавал со проучување на живописот и архитектурата на повеќе храмови во Западна и во Северна Македонија. Има објавено посебни студии за пештерната црква кај Радожда, Струшко, за црквата во с. Лескоец, Охридско, „Св. Никола Болнички“ во Охрид, за зографот Константин и неговиот син Јован во параклисот „Св. Јован Претеча“ во „Св. Софија“ во Охрид, за црквата „Сите свети“ во с. Лешане, Охридско, натписите во „Св. Наум Охридски“, „Св. Ѓорѓи“ во Бањани, Скопско, манастирот „Богородица Месонисиотиса“ и „Богородица Гавалиотиса“ во Воден, „Св. Ѓорѓи“ во Речица кај Охрид. БИБ.: Пе¢инска црква Архан—ела Михаила код Струге, „Зборник Филозофског факултета“, 1, Београд, 1964, 299–331; Почеци монашког живота и црква манастира Сретење у Метеорима, ЗЛУ, 2, Нови Сад, 1966, 127–181; Време настанка цркве св. Николе Болничког у Охриду, „Зограф“, 3, Београд, 1969, 16–17; Два споменика охридског зидног сликарства ⅩⅤ века: ктитори и време настанка, „Зборник Светозара Радојчи¢а“, Београд, 1969, 315–333; Свети Константин и Јелена у Охриду, Београд, 1971; Охридски сликар Константин и његов син Јован, „Зограф“, 5, Београд, 1974, 44–47; Охридската сликарска школа од ⅩⅤ век, Белград – Ох-рид, 1980; Пе¢ки патријарх и охридски архиепископ Никодим, ЗРВИ, 21, Београд, 1982, 213-236; Г. Суботи¢, Ц. Грозданов, Црква светог –орÑа у Речици код Охрида, „Зограф“, 12, Београд, 1982, 62–75; Натписите од Свети Наум, Наум Охридски, Охрид, 1985, 99–109; Свети –орÑе у Бањанима: историја и архитектура, ЗЛУ, 21, Београд, 1985, 135–161; Манастир Богородице Месонисиотисе, ЗРВИ, 26, Београд, 1987, 125–171; Богородица Гавалиотиса у Водену, ЗРВИ, 27–28, Београд, 1989, 217–263. Цв. Гр. Сува Гора