СУБАНОВИЌ, Братислав

СУБАНОВИЌ, Братислав (Бел-град, 1914 – Белград 1999) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1961) по предметите хидротехнички објекти и искористување на водните сили. Завршил во Белград, каде што работел до 1950 г., кога доаѓа во Скопје, на работа во „Хидроелектропроект“ и на Техничкиот факултет. Специјализирал во САД (1950). Одиграл значајна улога во проектирањето големи хидротехнички објекти („Вруток“, „Равен“, „шпилје“, „Калиманци“ и др.) и во оформувањето на инженерскиот кадар во областа на хидротехниката. Во 1964 г. ја продолжил кариерата на Техничкиот факултет во Ниш. Љ. Т.