СТУДЕНЧИЦА

СТУДЕНЧИЦА – лева притока на р. Треска. Од изворишниот дел до височината од 973 м тече под името Газоечка Река и има периодичен карактер, додека низводно од карстниот извор Казани тече како постојан водотек под името Студенчица. Долга е 16,6 км. Сливот зафаќа површина од 52,8 км 2. Дел од водите на реката преку регионалниот водовод „Студенчица“ се користат за водоснабдување на населените места во Кичевско, Бродско, Прилепско и во Крушевско. ЛИТ.: Драган Василески, Студенчица – физичко-географска студија, Скопје, 1997. Др. В.