СТРУШКИ МИНЕЈ

СТРУШКИ МИНЕЈ – старословенски ракопис од ⅩⅤ в. Има 47 листови и е пишуван во две колони со ситно полууставно писмо. Фрагментот е дел од обемен минеј што бил сопственост на семејството Чакарови од Струга. Во втората половина на ⅩⅠⅩ в. А. Чакаров му го дал овој фрагмент од минејот на Г. Баласчев, кој подоцна $ го отстапил на Софиската народна библиотека (бр. 455). Под 27 јули во минејот е сместен словенски превод на грчката служба на св. Климент Охридски. Кај некои од текстовите се означени и нивните автори. Така, како автор на Великата вечерна е оз-начен охридскиот архиепископ Григориј, еден канон на св. Климент со акростих напишал Теофилакт Охридски и еден канон, исто така со акростих, напишал Димитриј Хоматијан. Климентовата служба од овој минеј ја издаде Георги Баласчев. ЛИТ.: Г. Баласчев, Климент епископ словенски и службата му по стар словенски превод с една част грÍцки паралелен текст и едно факсимиле, Софи®, 1898; Б. Цонев, Опис на слав®нките рÍкописи в СофиŸската народна библиотека, Ⅱ, Софи®, 1923, 62-64. Ѓ. П. Ат.