СТРУМИЧКО ПОЛЕ

„СТРУМИЧКО ПОЛЕ“ – хидромелиоративен повеќенаменски систем што наводнува 10.050 ха од акумулацијата „Турија“ и 3.560 ха од акумулацијата „Водоча“. Главни застапени култури: раноградинарски, индустриски, фуражни, пченка и житни. Покрај наводнување, системот обезбедува и вода за водоснабдување на градот Струмица и на индустријата и произведува електрична енергија. Системот за одводнување е изграден во периодот 1967–1972 г. и покрива 9.000 ха. Главен реципиент е реката Струмица, со регулирано корито од 34,5 км. Регулирани се и коритата на реките Водоча, Тркања и Турија, со вкупна должина од 35 км. Ст. Дод. Струмичко-радовишката Котлина